Црвен крст Охрид веќе четврта година по ред ја реализира програмата Бреинобреин

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН – Црвен крст Охрид веќе четврта година успешно ја реализира својата програма за развој на специфични особини на личноста: концентрацијата, визуелизација, креативност, самодоверба, лидерство. Бреинобреин програмата, која содржи 10 нивоа од по 3 месеци, во центарот во Охрид ја посетуваат повеќе од 50 деца на возраст од 5-14 години.

Во текот на викендот во центарот се спроведе редовното тестирање на знаењата на децата по завршување на соодветното ниво, според меѓународните стандарди и референци дефинирани од страна на главниот Бреинобреин центар во Ченаи, Индија. Во тие рамки, посетителите на ова програма изведоа презентација на стекнатите знаења, техники и вештини за сметање на абакус и ментална картичка, а беа изведени и забавно-едукативни точки посветени на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето.

Breinobrein2 Breinobrein3