По подолга пауза без ангажман Величе Шумуликоски се врати во Чешка и тоа во тимот на Словачко каде играше од 2001 до 2004 година, тогашното име на клубот беше Синот.
31 годишниот репрезентативец верува дека за брзо време ќе се врати во форма и дека ќе се наметне во составот на македонската „А“ селекција.
Во јануари, за време на зимскиот преоден рок, Шумуликоски го раскина договорот со кинескиот Тијанџин Теда. Оттогаш тој беше слободен играч, а а во тимот на Словачко ќе остане се до летниот преоден рок.
WebOhrid