„Емигранти“ во петок пред охридската публика

Во Петок 12 април на репертоарот во Центарот за култура е претставата „ЕМИГРАНТИ“ од Славомир Мрожек, во режија на Ирена Стеријовска., со почеток во 20:00 часот.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ, Адријана Билаловиќ. Продуцент Горан Стојаноски, Музика Стрезо Стаматовски, Музичка изведба Ѓоко Алоски, Сценографија Владимир Ѓорески – Рафик, Костимограф Кристина Мукоска Затуроска, Инспициент Филип Ангеличин – Жура, Дизајн Номче Џулески, Сценска изведба Борис Велјаноски, Светло Зоран Левески.

Емигранти е приказна за човекот заглавен во сопствениот апссурд. Вечната потрага за подобар живот ја создава илузијата за времето поминато, ставајќи го во служба на идејата за поголемо “Јас”, за посветло “Утре”, за побогато “Денес”. Дали нашиот живот вреди помалку од еден грст странски монети, дали копнежот кон вистинските вредности е највистински само кога сме најдалеку од нив? Клаустофобичноста во на еден човечки живот го метаморфозира човекот во куче, ја претвара неговата мисла во животинска и на сметка на љубовта и потребата за свој дом, ја создава безусловната лага дека секој ден сме се поблиску до реализација на својот сон. Па се поставува прашањето, дали единственото што не одвојува од животните е нескротливата потреба за топло огниште? И дали општествената еволуцијата не е само научна теорија со која човекот ја оправдува својата анималност?

Влезот чини 100 денари, а картите се во продажба на билетарата во Центарот за култура, секој работен ден по 15:00 часот.

WebOhrid