Ќе се интензивира процесот на легализација на бесправно изградените објекти

Дваесет екипи од по двајца вработени во Локалната самоуправа  деновиве ќе ги посетуваат домовите на барателите за легализација  на дивоизградените објекти. Тие ќе им објаснуваат на граѓаните кои документи треба да ги достават за побрзо и поефикасно да го завршат процесот на легализација.

На граѓаните, ќе им бидат доставувани и анкетни листови, во кои ќе треба да ги наведат проблемите со кои се соочуваат во процесот на легализација. Пополнетите анкетни листови  ќе се достават до надлежните служби во локалната администрација, кои ќе ги имаат во вид при решавањето на предметите.

Последните информации кои ги има кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески се дека од поднесените околу 11 илјади, решени се околу 600 предмети за легализација на бесправно изградени објекти.