Двата порази од Белгија не урнаа на 83-то место

По двата порази од Белгија во квалификациите за Светското првенство 2014, фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од -10 места според најновата ФИФА рејтинг листа и се најде на 83-то место.

Од нашата група А, во квалификациите за Светското првенство Бразил 2014, Хрватска со скок од +5 се најде на 4-то место, Белгија со скок од +3 се најде на 16-то место, Србија со пад од -5 се најде на 40-то место, Велс со скок од +22 места се најде на 49-то место и Шкотска со пад од -11 места на 77-то место.

Врвот на ФИФА рејтинг листата и понатака остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Киргистан, која со скок од +59 места се најде на 142-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Северна Ирска од -22 места и се најде на 119 место.

WebOhrid