У17 селекторот Несими го објави списокот за дуелите против БиХ

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Јетон Несими го објави списокот на играчи за контролните натпревари со селекцијата на Босна и Херцеговина. Првиот дуел против БиХ, селекцијата на Македонија го игра на 16.04.2013 година во Сребреник. На 18.04.2013 во Модрича, двете репрезентации ќе го одиграат вториот пријателски натпревар. Дуелите против БиХ се дел од подготовките на македонската репрезентација за Европските квалификации од 16-ти до 23-ти октомври кои ќе ги организираме во нашата земја. Во група со Македонија се Белгија, Полска и Бугарија. Спроти натпреварите со БиХ, селекторот Несими вели дека репрезентацијата може да напредува токму во дуели со квалитетни екипи.

„Натпреварите против БиХ се многу значајни за нашата репрезентација. Противникот има исклучително силен состав, голем број од фудбалерите на БиХ играат во врвни европски клубови. Натпреварите се одлична прилика да го потврдиме нашиот квалитет, имам доверба во тимот и се надевам дека ќе напредуваме на секој следен натпревар. Двете пресметки во Сребреник и Морача ќе ни дадат потврда за тоа кои 18-ет фудбалери ќе бидат дел од тимот на Македонија во квалификациите за ЕП“, изјави предводникот на репрезентацијата до 17 години Јетон Несими.

Голмани:

 Целески Боби – ФК Еурофудбал

 Илиќ Филип – ФК Металург

 

Одбрана: 

Боцевски Слободан – ФК Македонија ЃП

Аломеровиќ Сабахудин – ФК Македонија ЃП

Дигаловски Дарко – ФК Металург

Лазаров Стефан – ФК Работнички

Георгиески Иван – ФК Еурофудбал

 

Среден ред:

Кочоски Валентин – Академија Пандев

Јевтовски Стефан – ФК Металург

Гичевски Филип – ФК Македонија ЃП

Билали Сабит – ФК Шкендија

Здравковски Давор – ФК Македонија ЃП

Курт Реџеп – Академија Пандев

Георгиев Бобан – ФК Металург

Мирчевски Мартин – ФК Пелистер

 

Напад:

Христов Мартин – ФК Македонија ЃП

Кудијан Андреј – ФК Работнички

Петковски Петар – ФК Македонија ЃП

Лазаревски Даниел – ФК Миравци

Николовски Христијан – ФК Македонија ЃП