Прекин во водоснабдувањето во зависност од најавените интервенции на МЕПСО

МЈП-Проаква Р.Е.Водовод Охрид ги известува своите корисници дека поради најавените прекини со електрична енергија од страна на МЕПСО А.Д. ќе има прекин на работа на Пумпната станица “Дрвара” поради што дел од корисниците во стариот дел на градот ќе имаат прекин во снабдувањето со вода и тоа улиците: Кузман Капидан, Браќа Миладинови, Григор Прличев, Илиндеска, Христо Узунов, Климентска, Кочо Рацин, Димче Маленко, 11-Октомври, Охридска Архиепископија, Нада Филева и населба Чекоштина.

Исто така можно е во високата зона на градот и високите згради водоснабдувањето да биде со намален притисок.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и во населбите Рача, Елешец, Коњско, Трпејца , Љубаништа.

Прекинот во снабдувањето ќе биде во времетраење согласно известувањата од МЕПСО А.Д. односно спрема најавените временски интервали:

Сабота, 13 април во интервалите од 08:00 часот до 16:00 часот

Недела, 14 април во интервалите од 08:00 часот до 18:00 часот

Понеделник, 15 април во интервалите од 13:00 часот до 18:00 часот.

WebOhrid

Охрид ќе остане без електрична енергија во сабота и недела