Министерството за внатрешни работи денеска ја реализираше вежбата „Координатор-2013“ чија цел беше заокружување на процесот на обука на организационите единици при Одделот за посебни единици и презентирање на стекнатите вештини и знаења. Со вежбата Одделот за посебни единици презентираше заеднички, координиран и синхронизиран настап во ситуација кога треба да се справува со предизвици поврзани со нарушен јавен ред и мир во поголем обем и извлекување на ВИП лице од одреден објект или простор кој што се наоѓа под блокада.
Во непосредна близина на Скопје, фабрика за хемиски производи, неконтролирано испуштила токсични материи во воздухот и во реката Вардар по што настанало контаминирање на воздухот и водата.
Месното население, повеќе организации се собираат на протест пред ресорното Министерство за животна средина кое е обезбедувано од 1 полициски службеник од Единицата за надворешно обезбедување на објекти.
Со појавување на масата, обезбеувањето се засилува со уште 5 полициски службеници-сили за реакција. По одредено време бројката на луѓе се зголемува, а со тоа и обезбедувањето на објектот со уште 10 полициски службеници од редовниот состав, опремени со заштитна опрема-сили за интервенција.
За кратко време приливот на луѓе значително се зголемува, масата станува се побучна и поагресивна и 1 вод од Посебната единицата за поддршка опремен со заштитна опрема за Јавен ред и мир се упатува кон Министерството и се поставува непосредно пред масата, зад заштитните пречки.
Со поставувањето на водот од Посебнта единица за поддршка масата станува поагресивна и почнува да фрла со разни предмети кон полицајците и кон зградата на Министерството, по што водот за интевенција од Посебнта единица за поддршка доаѓа со возила непосредно пред масата, се прегрупира со водот за реакција и ја потиснуваат масата до работ на објектот.
Незадоволни од интервенцијата на полицијата, протестантите бурно реагираат, масата се зголемува, станува се поагресивна се обидува да го пробие полицискиот кордон за да се врати пред објектот со повик за насилно влегување во истиот.
Интервентниот вод од Единицата за брзо распоредување со возила пристигнува пред Министерството, излегуваат од возила и низ двата кордони на Посебнта единица за поддршка, употребувајќи најразлични тактики ја потиснуваат масата назад, при што ги приведуваат најагресивните лица и ги предаваат во полициското возило. На оваа реакција на полицијата протестантите се повлекуваат, а дел од нив дваесеттина метри наназад поставуват барикада по што целокупната бројка на демонстранти бега зад барикадата.
Оперативниот штаб добива информација дека во барикадата има поставено експлозивна направа и веднаш ги известува силите на терен. По оваа информација специјалните полициски возила за Јавен ред и мир се приближуваат кон барикадата, а припадниците на Единицата за брзо распоредување се повлекуваат зад возилата. Водичот на службено куче со службеното куче за откривање на експлозив, штитен со балистички штит, ја проверува барикадата. Масата ја пали барикадата, фрла со предмети кон полицискиот кордон, Единицата за брзо распоредување испраќа една група да го заобиколи објектот и со тактика на изненадување да ги уапси најагресивните лица од масата. Единицата за брзо рапоредување ја пробива блокадата при што употребува бела чадна бомба а водовите од Посебна единца за поддршка излегуваат пред возилата на Единица за брзо рапсоредување и се поставуваат зад барикадата.
Единицата за специјални задачи добива задача за итна евакуација на ВИП лицето од објектот. Еден тим од Единицата за специјални задачи со хеликоптер се десантира и влегува во Министерството, а три тима со шест возила се поставуваат во близина на објектот. Тимот за интервенција го извлекува VIP лицето од објектот и се упатува кон возилата фрлајќи чадни бомби по што во две колони во два различни правци заминуваат.
Масата фрла молотови коктели, Единицата за брзо распоредување со употреба на повеќе тактики ја потиснува масата до работ од објектот, а кордоните на Посебната единица за поддршка ја расчистуваат барикадата и го следат движењето на формацијата на Единицата за брзо распоредување. По пристигнувањето до работ на зградата предходно испратената група за апсење ја изненадува масата протестанти и приведува 1 лице. Припадниците на Единицата за брзо распоредување ја разбиваат масата по што ги покриваат правците лево и десно, возилата се доближуваат, ги отворат решетките и ги затвораат правците.
Интервентниот вод од Единицата за брзо распоредување со возилата се повлекува во база, а кордоните од Посебнта единца за поддршка ги затвораат правците. По извесен период и кордоните на Посебната единица за поддршка се повлекуваат во база по што се повлекуваат и силите за реакција и интервенција од Единицата за надворешно обезбедување на објекти.