Спречен нов обид за изнесување културно наследство

Царинската управа спречи нов обид за изнесување на 48 стари нумизматички монети кој датираат од од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време (од 17 век од н.е.), со различно писмо, големина и ознаки од Македонија преку граничниот премин Делчево во Бугарија. И овој обид за изнесување културното богастсво на државата е извршен од страна на американски државјанин, кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип.

Случајот е откриен на 12.04.2013 година, на граничниот премин Делчево, кога на царинската линија за излез од државата пристигнал автомобил Фолксваген Каравели со бугарски регистарски ознаки, управувано и во сопственост на осомничениот Џ.Б.Х. државјанин на американската држава Минесота. Поради сомневање во неговата изјава дека нема ништо да пријави за царинска конрола, царинските службеници од царинската испостава Делчево го селектирале за деталена контрола.

При личен претрес во предниот десен џеб од тренерките пронајдени се 38 парчиња стари нумизматички монети во различна големина и ознаки и писмо кои биле завиткани во обична бела хартија, во предниот лев џеб од неговите фармерките биле пронајдени уште 8  монети во различна големина и различно писмо, а во личен багаж (левиот и десен џеб од патната торба спакивани во пластични зипер кеси) пронајдени се уште 2 монети. Пронајдените примероци претставуваат споменик на културата на Република Македонија кој осомничениот се обидел да ги изнесе во странство без дозвола на надлежен орган.

Инаку, осомничениот има привремено престојувалиште во Софија, Бугарија, а во Македонија пристигнал пред два дена каде по кратко време остварил средба со негов пријател, македонски државјанин кој живее во Штип и за кој знаел дека поседува и продава стари монети. Двајцата се договориле да се сретнат следниот ден на патниот правец Штип-Радовиш кај бензиската станица на „Макпетрол“ каде пријателот му ги донел монетите. Потоа, пријавениот со својот автомобил, веднаш се упатил кон македонско-бугарската граница каде имал намера да ги изнесе монетите.

Царинската управа против пријавениот поднесе кривична пријава за „Изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”.

Кривичната пријава, пријавениот и доказниот материјал се предадени на надлежен истражен судија кој по спроведената истражана постапка му одреди мерка притвор во трање од 30 дена.