„Таа беше посебна“ синоќа се одигра пред охриѓани

„Таа беше посебна“ е насловот на театарската претстава што синоќа во Центарот за култура во Охрид ја одиграа ученици од неколку битолски основни и средни училишта.

Драмската претстава е проект на оделението за превенција од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, што треба да придонесе за зголемување на свеста кај младата популација за опасностите од смртоносното зло на денешнината.

„Таа беше посебна“ е  интересна, едукативна и корисна претстава за младите но и за родителите во делот на истакнување на нивната улога и потребата од комуникација со децата за навремена и сеопфатна  превенција од смртоносниот порок.

Една од целите на овој проект е  подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од контакти со полицијата во насока на навремено детектирање на појавните облици на наркозависност како и поголемо ангажирање на заедницата за интензивирање на превентивните активности на општествените субјекти, институциите и локалната заедница во борбата и сузбивање на нарко криминалитетот.

Pretstava2 Pretstava3