Во саботата во Ресен, во просториите на ОУ Гоце Делчев се одржа регионален натпревар по физика на кој што се натпреваруваа вкупно 150 ученици од основните и средните училишта од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места.
На натпреварот учество зедоа и најдобрите по физика од основното училиште Св.Климент Охридски од нашиот град и постигнаа одлични успеси.
Прва награда освои Мартина Петровска, а трета награда освои Поликсена Тунтева под менторство на Галина Малезаноска.
Учениците со одличниот пласман обезбедија учество на републичкиот натпревар по физика, кој ќе се одржи на 18-ти мај во Скопје.