Учениците од „Св.Климент Охридски“ постигнаа одлични успеси на регионалниот натпревар по физика

Во саботата во Ресен, во просториите на ОУ Гоце Делчев се одржа регионален натпревар по физика на кој што се натпреваруваа вкупно 150 ученици од основните и средните училишта од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места.

На  натпреварот учество зедоа и најдобрите по физика од основното училиште Св.Климент Охридски од нашиот град и постигнаа одлични успеси.

Прва награда освои Мартина Петровска, а трета награда освои Поликсена Тунтева под менторство на Галина Малезаноска.

Учениците со одличниот пласман обезбедија учество на републичкиот натпревар по физика, кој ќе се одржи на 18-ти мај во Скопје.