Под дејство на алкохол нападнал полициски службеник

На 26.04.2013 година околу 12:30 часот на ул. „Даме Груев“ во Охрид, лицето А.К.(20) од Охрид со рака скршил едно стакло од џамија при што се здобил со повреди.

Од страна на полициски службеници околу 21:40 часот при обид лицето А.К. да биде приведен истиот дал активен отпор и физички го нападнал полицискиот службеник кој се здобил со црвенило на раката. Лицето е приведено во СВР Охрид, а при алкотестирање кај истиот е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили.

По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен  поднесок.