Откриени 59 лица од Албанија со непријавен престој кои работеле на црно

На подрачјето на СВР Тетово, денес предпладне беа реализирани повеќе координирани активности за откривање и приведување на странски државјани, кои непријавено престојуваат и работат во регионот.

Во овие активности вкупно откриени се 59 лица од Република Албанија, од кои 17 во тетовско и 42 во гостиварскиот регион.

Најголемиот број од приведените, на возраст од 20 до 45 години, непријавено престојувале на подрачјето и извршувале најразлични градежни, полски и други работи, а 8 од нив не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во нашата земја.

Приведените албански државјани задржани се за натамошна постапка и по целосното расветлување на сите поединости поврзани со нивниот престој и ангажирање, против нив ќе следат соодветни поднесоци.