Кривична пријава против едно лице за нанесување на повреди со тврд метален предмет

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ секторот за внатрешни работи Охрид, против А.И.(37) од Охрид поднесе кривична пријава.

На втори Мај оваа година, околу 01 часот и 30 минути, пријавениот со тврд метален предмет му нанел повеќе удари по главата на Д.Ј.(25) од охридското село Лешани. Настанот се случил при нивна случајна средба на паркинг простор во близина на ноќниот клуб „Хавана“ при што настанала вербална расправија. Во еден момент настанало меѓусебно туркање во кое двајцата си размениле повеќе удари со раце и нозе здобивајќи се на тој начин со телесни повреди. Притоа, пријавениот А.И. успеал на Д.Ј. да му нанесе неколку удари со тврд метален предмет во пределот на главата по што со своето возило марка „Ауди“ избегал од местото на настанот.

Пријавениот А.И. но и нападнатиот Д.Ј. се лица познати сторители на повеќе казнени дела против кои и досега СВР Охрид има поднесено кривични и прекршочни пријави.