Постхумно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР

Денес во рамки на традиционалното одбележување на 7-ми Мај, денот на македонската полиција, во Клубот на пратениците во Скопје Претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорѓи Иванов постхумно, со медал за храброст, одликуваше 32 загинати припадници на Министерството за внатрешни работи. Притоа за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија постхумно се одликувани: АЦО АНГЕЛОВСКИ, КИРИЛ ПЕТРУШЕВСКИ, ЕРОЛ ГОТАК, МОМИР СТОЈАНОВСКИ, ГОРАН СТОЈАНОВСКИ, ЈАНЕ ЈАКИМОВСКИ, МАРЈАН БОЖИНОВСКИ, ИЛЧО СТОЈАНОВСКИ, АТАНАС ЈАНЕВ, АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ, ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ, ЦОКИ СТОЈАНОВСКИ, САШО СОКОЛОВ, БОБАН ТРПКОВ, ДРАГО МАНЕВСКИ, КОСТЕ ВОЛКАНОСКИ, ЧЕДО ДОДЕВСКИ, КИРЕ КОСТАДИНОВСКИ, НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ, БОШКО НАЈДОВСКИ, АЛЕКСАНДАР СЕРАФИМОВ, КОЦЕ КРСТЕВ, ЃОКО ЛАЗАРОВСКИ, ДУШКО СИНАДИНОВСКИ, ОЛИВЕР ПЕТРУШЕВСКИ, СРБОЉУБ СПАСОВСКИ, ПЕТРЕ КАДРОВСКИ, ДАНИЕЛ ЈАНКОСКИ, САШКО МАНАСКОВ, АЦО СТОЈАНОВСКИ, ФИКРИ ЕЛМАЗИ, и АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ.

На свеченоста со која наедно се одбележаа и 20 години од прославувањето на денот на македонските безбедносни служби и претходеше положување на цвеќе од страна на делегација на министерството предводена од министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска пред споменикот на загинатите припадници на МВР каде што беше построен почесниот вод на македонската полиција. Исто така претпладнево делегација од челните луѓе на Централните полициски служби, Секторот за гранични работи, Секторот за полиција и гранични работи, како и претставници на Македонскиот полициски синдикат положија цвеќе и на споменикот пред зградата на Граничната полиција во МВР, а делегација од МВР како и претставници на семејствата на загинатите бранители од МВР положија цвеќе пред споменкот на паднатите бранители во паркот Жена-борец.

Инаку, во рамките на празникот на македонската полиција, покрај свечености активности во организационите единици на МВР, делегации на министерството денес традиционално ги посетија домот за деца без родителска грижа “11 Октомври“ во Скопје како и Домот за доенчиња и мали деца во Битола при што на децата им беа врачени пригодни подароци.

Posthumno2