Комеморативна седница по повод смртта на примариус д-р Илија Прангоски

Со комеморативната седница во големата сала на општина Охрид денеска членови на семејството, голем број пријатели и колеги изразија последна почит кон примариус д-р Илија Прангоски, кој ненадејно почина во 59–та година од животот.

На комеморацијата се обратија Претседателот на Македонското лекарско друштво Проф. д-р Јован Тофоски, Јованка Точко, заменик претседател за Здружението на лекари Охрид и д-р Тоде Клишески вработен во Центарот за Кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Погребот на примариус д-р Илија Прангоски беше во 15 часот на Градските гробишта во Охрид.

Komemoracija_2