Во организација на Филмскиот Фонд во соработка со Руската амбасада, Рускиот културен центар-Софија, Министерството за култура, Кинотека на Р. Македонија, НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, започна со реализација на заедничкиот проект со наслов ВОЈНА И МИР ВО РУСКИОТ ФИЛМ.
Ревијата на руски филмови ќе започне на 9-ти па се до 17 мај 2013 година, а ќе се прикажуваат филмовите: Една Војна, Ние сме иднината, Поп, Ѕвезда, Ослободување и Летаат здраловите.
Рускиот филм „Една војна“ ќе се прикажува во четврток, 9-ти мај со почеток во 18:00 часот. Филмот е во режија на Вера Глаголева Виталевна,сценарио на Марина Сасина и композитор Сергеј Баневич. Улогите ги толкуваат Александар Балуев, Наталија Суркова, Јулија Мељникова, Михаил Хмуров, Федор Копосов.
„ПОП“/„POP“ ќе се прикажува во сабота, 11-ти мај со почеток во 18:00 часот. Филмот е во режија на Владимир Хотиненко, Сценарио: Александар Сегењ, Владимир Хотиненко. Улогите ги толкуваат Сергеј Маковецкиј, Нина Усатова, Елизавета Арзамасова, Кирил Плетњов, Анатолиј Лобоцкиј.
Исто така на 11 Мај, сабота со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура ќе се прикажува и рускиот филм НИЕ СМЕ ОД ИДНИНАТА, во режија на Андреј Малјуков, Автори на сценариото: Александар Шевцов, Едвард Володарскиј, со учество на Кирил Белевич, Камера: Владимир Споришков, Актери: Екатерина Климова, Данила Козловскиј, Даниил Страхов, Борис Галкин, Сергеј Маховиков, Владимир Јаглич, Димитриј Волкострелов, Андреј Терентjев.