Хорот при ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид најдобар во Македонија

На 25-те Републички хорски смотри одржани на 12.05 2013 год. во Кавадарци, хорот на Училиштето „Св.Климент Охридски“ под раководство на м-р Александар Димоски го освои првото место во категоријата младински хорови (хорови на средни училишта).

На настапот беа изведени две композиции „Месец Мај“ од Клемен Жанекен, како задолжителна композиција на натпреварот и „Боже чувај ја од зло“ од Миро Булјан / Чакарова како слбодна композиција. Настапот беше бурно поздравен од присутната публика, а жирото го награди со 98 поени од можни 100.

Солистка беше Маја Ристеска ученичка во прва година која од жирито доби пофалница за најдобар солист.