Одржана претставата „За сите деца на светот“

Синоќа во Центарот за култура Григор Прличев се одржа хуманитарна претстава со наслов „ЗА СИТЕ ДЕЦА НА СВЕТОТ“ во реализација на учениците од ОУ Живко Чинго, со што финализираа активностите за одбележување на Неделата на Црвениот крст.

Собраните средства ќе бидат наменети за медицинска помош на малата Ивана која се соочува со сериозен здравствен проблем.