„Деформитетите на р’бетниот столб кај учениците и корективната гимнастика“

Во рамките на активностите „Грижа за здравјето на учениците“, денес во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ – Охрид се одржа трибина на тема: „Деформитетите на р’бетниот столб кај учениците и корективната гимнастика“, со цел да му се даде гласност на проблемот со кој се соочуваат децата – ученици  насекаде во светот.

Предавач на денешната трибина беше дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски од студиото КИНЕЗИО од Охрид.

„Веќе 2 години работиме на проектот за раст и развој на децата и имаме веќе прегледано повеќе од 800 деца на возраст од 13 години низ основните училишта во Охрид. Проблемите се на висок степен и повеќе од 610 деца имаат потреба од некаква корекција на мускулно-скелетниот систем, имаат потреба од вежби, да се консултираат со терапевт, со лекари, имаат потреба да побараат помош за да тие проблеми да се корегираат за во иднина да немаат проблеми. Степенот на деформитети е на многу високо ниво“. – изјави Каланоски.

Каланоски со порака до сите ученици, родители и професори.

„Моја порака до сите ученици, а најмногу до родителите и професорите е почесто да се занимаваат со спортски активности, со народни танци и ора, курсеви по балети, курсеви по некои спортови, а што помалку да се избегнуваат неактивните работи, на пример компјутерите. Наставниците повеќе да внимаваат како тие сами седат во учлишните клупи, родителите се почесто да ги проверуваат дечињата за деформитети на рбетниот столб, деформитети во мускулатурата, рамното стапало и сите тие проблеми кои што во иднина можат да доведат до многу сериозни пролеми“. – истакна Каланоски.

На трибината покрај учениците присутни беа и наставниците по физичко образование од ОУ Св.Климент Охридски, одделенските наставници на учениците од трето до петто одделение и педагошко–психолошкта служба во училиштето. Проектот е  поддржан од страна на Општина Охрид.

WebOhrid