Анкета: Граѓаните со поддршка за проектот Скопје 2014 и владините роуд шоуа

Поголем дел од граѓаните го поддржуваат проектот „Скопје 2014“ и сметаат оти владините роуд шоуа се оправдани и даваат резултати, додека скоро подеднакво христијаните и муслиманите му веруваат на својот верски лидер, покажува истражувањето на Институтот „Димитрија Чуповски“.

Анкетата е направена телефонски во периодот од 17 до 21 мај на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници.

За поддршка на проектот „Скопје 2014“ се изјасниле скоро 49 отсто од испитаниците Македонци, 32 Албанци и 54 проценти други националности, додека вкупната поддршка е 45 проценти.

Повеќе од половина од испитаниците ги поддржуваат роуд шоуата на Владата за привлекување странски инвестиции, сметаат дека се оправдани и оти даваат резултати. Позитивно се изјасниле речиси 60 проценти Македонци, над 50 отсто Албанци и над 60 отсто други етнички заедници.

На прашањето дали раководството на МПЦ, кај христијаните и на ИВЗ, кај муслиманите ја исполнува својата мисија позитивно одговориле 50 отсто од христијаните и 49 од муслиманите

На поглаварот на МПЦ му веруваат над 43 отсто од христијаните, додека доверба кај лидерот на ИВЗ имаат 49 отсто од акнетираните.