Денес во сите основни и средни училишта започнува екстерното оценување. Тестирањето кое ќе се одвива по електронски пат, ќе започне во 9 часот и триесет минути. За 60 минути учениците треба да одговорат на 30 прашања. Учениците кои од оправдани причини нема да присуствуваат на екстеното тестирање од 27-ми мај до 10-ти јуни, ќе имаат можност да полагаат екстерни тестови во наредните две сесии од 17-ти до 21-ви јуни или од 15-ти до 21-ви август.
Учениците кои неоправдано ќе отсуствуваат од тестирањето, нема да добијат свидетелство.