Средношколските стипендии ќе се зголемат за 500 денари

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска најави реализација на зголемувањето за 25 отсто, односно за 500 денари, на средношколските стипендии.  

„Средношколските стипендии ќе се зголемат за околу 25 проценти. Заостанатите стипендии ќе се исплатат во текот на следните две недели. Зголемувањето не можеше да биде реализирано во изминатите девет месеци затоа што беше изборниот период“, изјави денеска премиерот Груевски.

Премиерот Груевски придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше во обиколка на изградата на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од Коридорот 10.