Министерството за животна средина апелира да се избегнува движење во близина на браната на Слатинско Езеро

Поради состојбата со браната на Слатинското Езеро, Министерството за животна средина и просторно планирање и препорачува на пошироката јавност, а пред се на риболовните друштва и спортските риболовци, со оглед дека започнува риболовната сезона, да се избегнува движењето во непосредна околина на браната.

Од Министерството ја информираат јавноста дека се преземаат активности за спас на рибниот фонд преку преселување на соодветни локации.