ЖФК „Билјанини Извори“ е победник во Прва Македонска женска фудбалска лига 2012/13

Победникот за оваа натпреварувачка сезона беше неизвесен се до последното 18-то коло. Екипата на „Билјанини извори“ 1-то место го осигура во 17 коло со победата над ЖФК „Единство“ кој беше кандидат за 1-то место. Практично тој натпревар го даде првакот помеѓу двете екипи, но сепак во 18-то коло се уште во игра беше и екипата на ЖФК „Борец“ од Велес, која со загубениот натпревар во последното коло им го отвори патот до првото место на ЖФК „Билјанини извори“ од Охрид.