Со Решение на градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, од денес за вршител на должност директор на Општинското Средно Училиште „Св.Климент Охридски“, е именуван професорот Никола Тренески.
Никола Тренески досега беше професор по географија во истото училиште. Во средното училиште „Св.Климент Охридски“ е вработен од 2001 година, а од 2008 година се стекнал со уверение за положен испит за директор во средно училиште.