Охриѓани победници на Балканското првенство во фудбал

На Балканското првенство  во фудбал за играчи до 17 години, што изминатиов викенд се одржа на СРЦ „Билјанини извори“, екипата на „Еврофудбал“ од Охрид го освои првото место.

На првенството на кое учествуваа фудбалските екипи од Мостар и Требиње од Босна и Херцеговина, Црногорската репрезентација од Јужниот регион, репрезентацијата од Куманово и екипата на „Работнички“ од Скопје, за најдобар беше прогласен голманот на охридскиот клуб „Еврофудбал“.

Победниците на ова натпреварување добија пехари додека охридската екипа го освои и големиот преоден пехар кој ќе ги краси витрините на охриѓани се до следното првенство кое до година ќе се одржи во Војводина.

Фото: Иван Арсеноски