Металург изгуби 0:1 од Карабак во првиот дуел од квалификациите за УЕФА Европа лигата

Металург во Скопје изгуби минимално со 0:1 од Карабак, азербејџанскиот претставник во квалификациите за УЕФА Европа лигата. Голот го постигна Рејналдо во 64 минута, со што гостите обезбедија предност пред повратниот дуел во Азербејџан кој ќе се игра следниот четврток, 11 јули.

За екипата на Карабак настапи нашиот интернационалец Муарем Муарем, кој излезе од игра во 46 минута.

WebOhrid