Извидниците во строј кај градоначалникот Бакрачески

Претставници на извиднички одред “Пионер“, денес беа примени од градоначалникот Бакрачески. На средбата извидниците го запознаа градоначалникот Бакрачески со нивните активности и плановите за оваа година, како и за нивното учество на големата извидничка смотра што ќе се одржи од 20 – 28 јули во Охрид.

Градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа во рамките на своите можности, да ги помогне активностите на најмладиот извиднички одред во градов, како невладина организација која го развива и негува позитивниот однос на најмладите кон природата и татковината.

Извидниците од “Пионер“ го поканија градоначалникот Бакрачески да присуствува на големата извидничка смотра во Скребатно на 20 јули и при тоа му подарија извидничка марама со логото на извидничкиот одред “Пионер“.

Sredba_Izvidinici_4852 Sredba_Izvidinici_4853 Sredba_Izvidinici_4855