На Европското Првенство за јуниорки до 18 години во Клостерс, Швајцарија, од 22-28 Јули, 16-годишната Тања Стојановска од ТК Охрид ја претставува Македонија. Вчера забележа победа во 2 коло над Мара Аргириу од Кипар во 3 сета (2:6, 6:3,6:1). Денес во 3 коло игра против романката Јоана Дуцу.
Пласманот во 3 коло и најдобрите 32 во Европа е одличен резултат за Стојановска и за македонскиот тенис.