Притворено лице поради извршени тешки кражби

Поради постоење на основи на сомнение за сторени шест казнени дела „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(38) од Охрид. Истражен судија на А.К. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.  

Пријавениот, кражбите ги извршил во почетокот на месецов во неколку ветеринарни амбуланти, продавници, сервиси како и во една нотарска канцеларија притоа одземајќи пари и други поситни предмети.

Тој употребувал штрафцигери и друг подесен алат за разбивање на сигурносните брави и кинење на катинарите од вратите а потоа и физичка сила по што вешто влегувал во објектите, вршел пребарување ги одземал парите и другите предмети. 

По извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа дел од подесниот алат со кој е извршено разбивањето на вратите и испратен е на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Дополнително направена е споредување на трагите пронајдени на местата каде се извршени тешките кражби. 

Инаку, пријавениот е лице познат на службата против кого и досега биле поднесувани пријави за слични казнени дела за што е и затворски осудуван.

uvidi 024