Жителите на село Горенци, општина Дебарца веќе подолго време имаа проблеми со снабдувањето со вода. Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски во изјава за медиумите рече дека проблемот е веќе надминат.
„Тој проблем во моментов е решен, бидејќи не само селото Горенци и другите населени места што се снабдуваат од пумпната станица во Св.Еразмо имаше дефект кој траеше неколку денови и сега во моментов немаме повеќе проблем бидејќи знаете тие села имаа сопствени извори на вода, меѓутоа како што со самиот процес на растење и зголемување на бројот на жители во населените места, расте и потребата од вода така да мораше да бидат уклучени на овие регионални водоводи“. – изјави градоначалникот Трајкоски.