Гудачкиот квартет БОНД вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот на Античкиот Театар во рамките на „Охридско Лето“ ќе настапи гудачкиот квартет БОНД од Велика Британија.

Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело) заедно го сочинуваат составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, БОНД. Од првото деби, на БОНД, групата има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет. БОНД ја црпи својата инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, елетро, индиските и стиловите од Средниот Исток, и низ годините се здоби со многу активна и лојална подршка од обожаватели. БОНД има безбројни појавувања на телевизии низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, меѓу кои и BBC, ITV, Channel 4, Sky, CNN, FOX News, RAI, ZDF, NBC, Canal Plus, MTV, NHK, CCT, ABC, TF1, CBC, Televisa и др. Покрај појавувањата на големи телевизиски шоуа, Бонд беше домаќин на CNN’s the Music Room, изведуваше на MTV наградите во Азија и САД, а исто така учествуваше и во телевизиските настапи на Radio City Music Hall во Њујорк. Квартетот ги красеше страниците на повеќето големи меѓународни весници и списанија, а неколку пати има и патувано на распродадени турнеи низ целиот свет.

На својата промоција, БОНД беше поздравен од печатот како „Спајс Грлс на класичната музика“. Набрзо квартетот постана музички феномен. Членовите на квартетот се образуваа на најпризнатите музички институции во светот (Royal Academy of Music, Royal College of Music, Guildhall and Trinity College of Music), а самиот квартет е вистинска забава; извореден чин на пркосење на стилови со желба за истражување на уживањето во музиката без разлика на културните препреки. Бонд вистински го размрда светот на стиловите на класичната музика, постигнувајќи неверојатни 56 платински и 15 златни дискови низ целиот свет. Сега, прославувајќи ја нивната 10 годишнина, може да се рече дека Бонд постана вистински меѓународен феномен; често пати копиран, но никогаш достигнат!

Членовите на Бонд се вклучени во актуелното обраќање на градоначалникот на Лондон и се горди амбасадори на хуманитарната организација за деца, Корам. Добивката од нивниот божиќен сингл од 2012 година беше доделена на Save the Children. Тие настапуваа и на свеченото затворање на Олимписките игри во 2012 г.