Кај што има автобуси, има и туристи

Кога ќе погледнете голем број на паркирани автобуси сигурно би помислиле дека во градов почнала нова предизборна кампања и дека тоа се платени политички автобуси полни со партиски војници. Но, овојпат, за среќа не сте во право, ако така помисливте.

Вистината, за среќа, е многу порадосна: веќе започнал шпицот на туристичката сезона во Охрид, а сите овие автобуси и многуте илјади возила низ градов се полни со туристи. Нека има полно вакви слики и нека ни трае подолго летото во Охрид!

Avtobusi1WebOhrid