Хорот „Вива Вокс“ – Србија вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот на Античкиот Театар на програмата на „Охридско Лето“ е хорот „Вива Вокс“ од Србија.

Хорот Вива Вокс од Белград е формиран пред скоро 10 години од група на матурирани средношколци и нивниот професор по музика, која сакаше да ја продолжи прекрасната музичка соработка со гимназискиот хор. Хорот го доби својот сегашен назив во 2005 година, а во 2009 година го воведоа битбоксот во нивната изведба, која, заедно со аранжманите на песните од членовите на хорот, формираше единствен звук со кој се прославија насекаде низ светот. Звукот на хорот Вива Вокс претрпе многу трансформации, а денес е окарактеризиран по автенитчните а капела (само гласови) интерпретации на поп-рок и алтернативна музика, придружена со битбокс. Обработката на Вива Вокс, во а капела на Du Hast, песна од германскиот индустријал-метал бенд Rammstein стана хит на интернет во летото 2011 година, и им донесе светска популарност за само неколку дена.

Откако стана признат од публиката и медиумите, хорот продолжи со нивната популарност во родната Србија, како и во останатиот дел од светот, што, пак резултираше со турнеи во Полска, Чешка, Австрија и многу други земји. Врвот на нивната досегашна кариера е концертот во салата на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк на 14 јануари 2013 г. по повод Православната Нова година. Како единствениот музички состав од овие простори кој настапил во оваа сала, Вива Вокс им се придружил на бираното друштво на светските музичари кои ја имале оваа чест.