„Направи разлика – стани корпоративно општествено одговорен Европски лидер“

По повод одржувањето на третата летна школа која се одржува во организација на Економскиот факултет од Скопје при Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ и студентската интернационална платформа на АИЕСЕК, денеска на прес конференција беа презентирани активностите преку кои учесниците ќе ги развијат своите лидерски вештини на полето на корпоративната општествена одговорност.

„Идентичноста на мотото е дека секогаш нашата цел е да организираме школа со која што треба да се направи некаква разлика. Бидејќи никогаш неможете да направите разлика ако сте сами туку во заедништво, секогаш ние тоа го правиме прво со нашите студенти, понатаму со општина Охрид која заслужува особено внимание и она што е многу битно за една општествена заедница да биде успешна  е секако бизнис заедницата. Токму од тие причини качувајќи се по тој пат  на правење  разлика, што е многу важно, најпрво почнавме со тоа што бевме „Зелени европски лидери“, потоа „Иновативни европски лидери“, а оваа година ќе бидеме „Општествено одговорни европски лидери“. Во таа насока како општествено одговорна едукативна институција како што е Економскиот факултет, има за цел  да изградиме визија како идните  учесници на пазарот на труд да бидат општествено одговорни“, – истакна проф. д-р. Билјана Секуловска Габер, координатор на Школата.

Професорката Габер додаде и дека преку одржаните работилници, учесниците на школата ќе изработат ќе и подарат на општина Охрид софтверски модул за промоција на туризмот.

Стефан Младеновски, претстедател на АИЕСЕК Локален комитет-Скопје, истакна дека АИЕСЕК  е секогаш тука да ги носи најновите светски трендови, со цел македонските студенти да се запознаат со тематики и знаења од повеќе области.

„Оваа летна школа во организација на АИЕСЕК заедно со Економскиот факултет од Скопје, претставува плод на една успешна соработка“, – рече Младеновски.

Летната школа ќе се одржува во периодот од 5 до 14 август 2013 година,  каде 20 млади лидери (домашни и странски студенти) ќе учествуваат на Меѓународната летна школа 2013 со наслов „Направи разлика-стани корпоративно општествено одговорен Европски лидер“. 

Првиот ден започна со свечен настан кој се одржа во просториите на Економскиот факултет-Скопје, , во чиишто рамки свое корпоративно претставување ќе имаат компаниите поддржувачи на Школата и тоа „Адора Инженеринг“, „Тиквеш“, „Битолска Млекара“ и „Капитал Медиа Гроуп“. По завршување на настанот, сите учесници на Школата ќе се упатат кон Конгресниот центар во Охрид – локацијата каде ќе се одржи Школата. 

Oрганизаторите на летната школа изразија длабока благодарност до локалната самоуправа за досегашната соработка во реализацијата на оваа Меѓународна летна школа со која покажуваме дека соработката меѓу академијата, бизнис заедницата и локалната самоуправа навистина вродува со плод давајќи извонредни резултати од кои полза имаат сите три страни-учесници во реализацијата на истата.