Хакирана веб-страната на Општина Дебарца

Денес попладне официјалната веб-страна на Општина Дебарца www.debarca.gov.mk беше хакирана.

Очигледно, од неодамна пуштената во употреба веб-страна на Општина Дебарца и нејзината присутност во медиумскиот простор предизвика „интерес“ кај хакерите, кои очигледно ја згрешиле адресата, па наместо на некоја српска веб-страна, овде упатиле порака до Србите дека „Косово не е Србија“.

Одговорните за одржувањето на официјалната веб-страна на Општина Дебарца, работат на оспособување на страната и нејзино повторно функционирање.