Утре, со почеток во 09:15 часот во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Пливачки клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе се одржи Пливачки митинг „Св Климент Охридски“.
На пливачкиот митинг ќе се пливаат 5 (пет) дисциплини. Митингот е промотивен со тенденција да прерасне во традиционален.