В.д. директорот на охридската гимназија ОСУ „Св.Климент Охридски“ го поништи тендерот за екскурзијата за Прага, распишан од претходниот директор.
Склучениот договор помеѓу туристичката агенција Вис-Пој и претходниот директор и покрај не исполнувањето на условите, немање на банкарска гаранција, беше потпишан од претходниот директор, а од страна на новиот в.д. директор Никола Тренески, беше поништен и исто потврден од Училишниот Одбор и во моментов тече постапка со прибирање на понуди за училишна екскурзија.