Футсал репрезентацијата во Велес ќе игра две пријателски против Босна и Херцеговина

Најдобрата наша футсал репрезентација против Босна и Херцеговина во Велес ќе одигра два пријателски натпревари, во среда со почеток во 20:00 часот и четврток во 20:00 часот. Пресметките против БиХ ќе се одиграат во спортската сала „Гемиџии“. Селекторот Васко Скендеровски на собирот повика 16 играчи:

Мирослав Тодоровски (Железарец), Илчо Удовалиев (Железарец), Сашко Паунов (Железарец), Зоран Левески (Железарец), Оливер Јовановски (Железарец), Дарко Ранготов (Железарец), Адријан Мицевски (Железарец), Драган Петровиќ (Скопје 2011), Мартин Тодоровски (Железарец), Ферид Агуши (Железарец), Ненад Петровски (Скопје 2011), Александар Глигоров (Железарец), Иван Крстевски (Железарец), Садам Саити (Сее универзитет), Џо Ѓокица Арсовски (Железарец), Таулант Исмаили (Железарец).

„Со контролните натпревари против Босна и Херцеговина започнуваат нашите подготовки за следниот квалификациски циклус за Европското првенство 2016 година во Србија. Целта на пријателските натпревари е да ја зголемиме конкуренцијата во составот и да се обидеме да функционираме со неколку млади играчи од селекцијата до 21 година кои ќе бидат дел од дуелите против БиХ. Немаме резултатски императив, но очекувањата од репрезентацијата се да оствариме позитивен резултат. Футсал селекцијата ја навикна јавноста на добри игри и позитивни резултати и ќе се обидеме да го продолжиме континуитетот на добри игри“, изјави селекторот Васко Скендеровски.

Босна и Херцеговина се подготвува за бараж натпреварите против Холандија за пласман на ЕП 2014 година во Белгија.