На 23 август, петок во 11 часот во НУ Центар за култура, Григор Прличев ќе се одржи поетско пладне на кое своја поезија ќе читаат руските поети: Лев Алтмарк, Андреј Шербак, Александар Гриценко, Татјана Осипова, Димитри Трипутин, Олга Козлова, Алексеј Филимонов, Светлана Чаурева, Ала Бондарјук и Морзоев. Ова запознавање со творештвото на руските поети се остварува во организација на НУ Центар за култура, Охрид Книгоиздателството Макавеј и Медитеранска академија Струга. Модератори на Поетското пладне со гостите поети од Русија ќе бидат Бранко Цветкоски и М-р Разме Кумбароски.
Руските поети со особено задоволство ќе настапат во Охрид што би придонесло за зајакнување на меѓусебната културна соработка, на НУ Центар за култура од Охрид со Центрите за култура од Русија. Поетите ќе ја проследат престижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.