Донација за првачињата во општина Дебарца

Градоначалникот на Општина Дебарца го прими познатиот бизнисмен од Перт Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на Фондацијата „Капинков“. Капинков за сите првачиња запишани во ОУ „Дебрца“ им подари комплет училишен прибор и ташни и воедно им посака успеси во образовниот процес.

Имено оваа донација и посета на општина Дебарца од страна на Капинков е организирана од страна на почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески.

Градоначалникот Трајкоски им се заблагодари на Капинков и Ќосески во име на сите првачиња и ги охрабри ваквите донации да станат традиција и во наредните години.