Првиот училишен ден во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид

Секоја година на свечен начин се одбележува почетокот на новата учебна година во ОУ „Климент Охридски“. Програмата беше наменета за најмалите-првачињата.

„Овој ден за првачињата е мошне значаен во нивниот живот. Затоа сакавме да го направиме поспектакуларен што ќе остане длабоко врежан во нивните сеќавања. Училиштето да го доживеат како свој втор дом во кој ќе ја почувствуваат топлината, згриженоста и вниманието од страна на наставниот кадар, училишниот менаџмент и нивните соученици. Првиот училиштен ден и првата учителка се паметат цел живот“, – истакна директорот Јордан Пуроски.

Пуроски на првачињата им посака многу успех, како што рече да се гордееме со нивните постигнувања како климентови ученици, а родителите несебично да се вклучат во животот и работата на училиштето, зошто само на тој начин успехот на нивните деца нема да изостане.