Македонија го совлада Велс со 2:1 на арената „Филип Втори“ во Скопје, во рамките на квалификационите натпревари за Светското првенство во Бразил 2014.
Натпреварот започна доста динамично, а Македонија поведе во 21 минута со голот на Тричковски. Во 39 минута Велс изедначи со голот на Рамзи од пенал.
Во второто полувреме темпото за момент опадна, но со влегувањето во игра на Александар Трајковски, нашиот напад беше посвеж, создаваше шанси и токму Трајковски во 80 минута успеа да ја затресе мрежата на Велс и да го постави конечниот резултат 2:1.
WebOhrid