Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институт за врски Скопје, ќе се прикажуваат Циклус на филмови од Бајки. Денес со почеток во 19 часот ќе се прикажува „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“.
Во среда исто со почеток во 19 часот ќе се прикажува „ЗЛАТОКОСА“, додека во четврток „ХРАБРИОТ КРОЈАЧ“.
На 13 септември, петок, со почеток во 19 часот ќе се прикажува бајката „КРАЛОТ ЖАБА“, додека на 14 септември, сабота, исто со почеток во 19 часот ќе биде прикажана бајката „ТРНОРУШКА“. Влезот за сите циклус на филмови од бајки чини 60 денари.