СВР Охрид со мерки за безбедно одвивање на активностите при утрешната посета на претседателот на Полска

По повод утрешната посета на претседателот на Република Полска г-динот Бронислав Коморовски на Охрид,  Секторот за внатрешни работи Охрид презема и реализира одредени неопходни мерки заради безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности.

За време на посетата на Полскиот претседател на Охрид, безбедносните мерки првенствено ќе бидат насочени кон оперативно покривање но и  сообраќајно и физичко и обезбедување на објектите и просторот а во функција на непречено одвивање на предвидената програма и најавените средби со Македонскиот претседател г-динот Ѓорге Иванов.    

Со цел безбедно движење на возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот.

СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно обезбедување кои се одвиваат со писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“ но и во стариот дел од градот, каде Полскиот претседател ќе посети дел од Охридските културно-историските знаменитости. 

На овој но и на неколку други сообраќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети по сообраќајните површини.  Полициските службеници ќе спроведуваат и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид.