Обука на македонски адвокати: Спас на претпријатија со потешкотии

Веќе една и пол година, Амбасадата на Франција во Македонија и Комората на адвокати на Македонија им нудат на македонски адвокати семинари за размена каде се претставува француското искуство во различни области од правните активности. Овие семинари се организираат од страна на Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен. 

По одржаните семинарите на тема трудово право 2012 (Охрид, јуни), европско право за човекови права (Штип, септември 2012), и Етиката на правната професија и нејзината организација (Скопје, јуни 2013 година), нова обука ќе се одржи утре и недела, 14 и 15 септември во Охрид. Таа ќе се фокусира на заштита на претпријатија со потешкотии и социјални последици.

Ова е клучно прашање во нашите општества, кои се во тешка економска ситуација. Освен техничката презентација на францускиот закон и  решениата понудени од истиот за спас на претпријатијата во потешкотија, Семинарот ќе се фокусира на искуството на практичарите. Без разлика дали треба да го советува несреќниот претприемач или вработените кои се во опасност, да преговара со доверителите или со јавните власти, адвокатот се појавува во ова поле како бранител на економските интереси на својата земја. Обуката ќе ја водат двајца истакнати француски адвокати, експерти за корпоративното право. Г-дин Роберт Апери, Стручњак од Адвокатската комора на Каен, познат експерт за социјалното право, трговско и економско право, работи со компании кои ги советува и помага во управувањето на индивидуалните и колективните односи како и превенција и правилно водење на несолвентност. Покрај тоа, тој се јавува редовно во спорови за  права на печатот, особено на слободата на изразување. Активноста на адвокатот Елоди Ајрал се однесува на законот за работни односи, како во областа на судски постапки така и во постапка на несудски постапки. Таа се фокусира посебно на процедури за разрешување на работници поради економски причини, а доаѓа од Правниот факултет на Каен како одговорна за трудово право.

За време на овој семинар ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу Комората на адвокати на Република Македонија и Адвокатската комора на Каен.