Градоначалникот Бакрачески на првиот академски час на Универзитетот „Св.Апостол Павле“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле. Почетокот на новата академска година, на студентите и професорите им ја честитаа ректорот проф. д-р Нинослав Марина, градоначалникот Никола Бакрачески и пратеникот во Собранието на Р.М. Александар Николоски.

„Образованието е неограничено патување. Тоа никогаш не завршува за оној што сака движење и откривање на нови светови и нови видици. Оваа фаза од вашето надградувањето на знаење, ќе Ве однесе на нови простори со кои ќе бидете побогати за едно поголемо искуство и посигурни во остварувањето на Вашите соништа. А тие, никој неможе да Ви ги одземе. Вие сте креатори на сопственото знаење и движечка сила на новото технолошко време, од кои зависи иднината на секое општество“, – рече градоначалникот Бакрачески.

На студентите им се обрати  ректорот Нинослав Марина и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар Николовски, кој упати честитки за идните студенти во новата академска година и ја изрази својата лична поддршка, како и поддршката од Собранието и Владата на Република Македонија при понатамошната реализација на „успешната приказна“ на Универзитетот „Апостол Павле“.

Свеченост, по повод почетокот на новата академска година, денеска се одржа и на Факултетот за туризам и угостителство.