Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, на прес-конференција информираше за реализацијата на Акциониот план за чистење на 142 километри речни корита, кој го усвои Владата на РМ. При тоа, со одлука на Влада обезбедени се 946.600 литри нафта за негова реализација.
„Се надевам дека со реализација на оваа акција ќе придонесеме во иднина да нема поплави, особено карактеристични за пролетниот период, а во исто време ќе обезбедиме и подобар квалитетот на водата“, рече Адеми.
Нафтата, како што истакна министерот, е обезбедена и отстапена на МЖСПП, а на барање на општините и водостопанствата пропорционално е поделена за сите.
Министерот оствари средба со градоначалниците и директорите на водостопанствата, при што ги информираше за деталите, истовремено апелирајќи за поголема одговорност во реализација на акцијата.